Млад човек (20) од Бротен, Германија, нарачал достава на храна, а кога ја примил бил толку шокиран што веднаш повикал полиција, плашејќи се дека е најлошото.
„Се јавил во полиција и рекол дека на пакетот на рака пишувало „СОС“, што значи повик за помош. Полицијата веднаш покрена истрага која набрзо утврди дека бројот на нарачката е 505“ – изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Феникс-магазин.
Иако се покажа дека е погрешно прочитана етикета на пакувањето на храната, полицијата ја пофали неговата претпазливост и реакција затоа што никогаш не се знае што би можело да биде, а имало и слични случаи кога реакцијата на јавноста им помогнала на луѓето.
Ова 20-годишно момче сигурно нема да ја заборави оваа испорака на храна.
