Две лица загинаа во израелски напад во источен Либан и покрај прекинот на огнот што е во сила од крајот на ноември меѓу Израел и движењето Хезболах, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.
„Во нападот на израелскиот непријател загинаа две лица, а десет се ранети“, се наведува во соопштението.
Израелската армија утрово соопшти дека во текот на ноќта нападнала неколку цели на исламистичкото движење Хезболах во источниот дел на Либан.
„Една од целните локации имала „подземна инфраструктура, која се користи за развој и производство на оружје“, додаде војската, додавајќи дека исто така ги погодила објектите „на сириско-либанската граница што Хезболах ги користи за шверц на оружје“ во Либан.
Војската денеска го осуди „прекршувањето“ на договорот за прекин на огнот со кој заврши војната на 27 ноември меѓу Израел и проиранското движење.
Непријателствата меѓу Израел и Хезболах започнаа на 8 октомври 2023 година, ден откако палестинското движење Хамас, сојузник на либанското движење, го нападна Израел.
Тој напад ја започна војната во Појасот Газа.