За време на синоќешниот пренос во живо од мисијата „Артемис 2“, во кој астронаутите го прикажаа своето кружење околу Месечината, целото внимание неочекувано го привлече тегла „Нутела“ која лебдеше во бестежинска состојба. Снимката веднаш стана вирална, а јавноста беше убедена дека станува збор за прикриен маркетиншки потег.
#NEWS : Watch as a random jar of Nutella photobombs the Artemis II livestream pic.twitter.com/MpVsHoWmPy
— Latest in space (@latestinspace) April 6, 2026
„Намерно го направиле тоа… тоа беше реклама преку пласирање производ“, се коментираше. „Е тоа е добра реклама“, беа убедени корисниците на социјалните мрежи. Сепак, од НАСА ги демантираа ваквите тврдења, објаснувајќи дека „летачката“ тегла „Нутела“ била само „незгода со совршен тајминг“.
Портпаролката на НАСА, Бетани Стивенс, изјави за „Футуризам“ дека „НАСА не избира оброци за екипажот ниту храна во соработка со брендови“. Стивенс беше децидна: „Ова не беше никаков прикриен пласман на производ.“
Иако можеби не станува збор за првиот маркетиншки „договор“ во вселената, сепак се работи за една од најдобрите бесплатни реклами што компанијата „Фереро“ некогаш ја добила. „НАСА потроши 93 милијарди долари, а Нутела доби бесплатна реклама“, се пошегува еден корисник на Твитер. Друг додаде: „Најдобрата реклама што Фереро може да ја има – и тоа бесплатно.“
Мисијата „Артемис 2“, заедно со сега веќе познатата тегла „Нутела“, успешно го заврши својот лет околу Месечината и моментално се враќа кон Земјата. Слетувањето на ракетата во Тихиот Океан е предвидено за петок.
