НАСА најави слетување со астронаути на Месечината во 2025 година

Враќањето на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Артемис“ е поместено од 2024 година – „најрано во 2025 година“, изјави директорот на НАСА, Бил Нелсон.

Новиот распоред на НАСА претставува одложување во однос на претходната цел, која беше 2024 година, која беше поставена од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2017 година, како амбициозно поместување од целта на агенцијата во 2028 година пред Трамп да ја преземе функцијата, пренесува CNBS.

Американската Национална воздушно-вселенска администрација чекаше решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината, за да објави нова временска рамка.

– Изгубивме седум месеци поради спорот и, најмногу затоа, го одложивме првото слетување на луѓе – најрано до 2025 година… Но, и поради други причини, изјави Нелсон.

Тој, исто така, критикуваше и за малкуте парични средства што Конгресот ги одвои последниве години за развој на систем за слетување на Месечината.

Нелсон го навести и „сега можниот датум на поаѓање“ на мисијата „Артемис 2“, којашто е прва во програмата, но тоа нема да биде „мај 2024 година“, како што беше првично најавено.

– Оваа втора мисија, ќе оди најдалеку колку што човекот некогаш отишол – до 65.000 километри зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата, рече Бил Нелсон.

„Артемида 1“, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, според планираното.