НАСА објави фотографија од Сонцето кое изгледа како да се смее – сцената е хит

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.

„Кажи мала птица“, напишале во описот на фотографијата на која изгледа како Сонцето да има очи и уста и се смешка.

Се вчитува...

„Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената“, објаснија тие.

Научниците предупредија дека појавата на овие дупки најверојатно ќе значи дека невреме ќе ја погоди Земјата во сабота.

И покрај тоа, многу коментатори не го криеја својот ентузијазам за сцената.

„Сонцето изгледа како ситно колаче“, напишал еден корисник.

„И со нетрпение ја чека Ноќта на вештерките“, додаде друг.