НАСА: Руски сателит експлодираше во вселената

Руски сателит во текот на ноќта се распадна на повеќе од 100 парчиња во орбитата на Земјата, принудувајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) да се евакуираат, соопшти денеска НАСА.

Не е објавено што го предизвикало инцидентот. Станува збор за сателитот за следење на Земјата RESURS-P1, кој не се користи од 2022 година.

Инцидентот се случил во орбитата во близина на ISS. Американските астронаути мораа да се засолнат во леталото речиси еден час, објави НАСА.

Американските радари детектирале како сателитот се распаднал во облак од отпад денес по полноќ, објави компанијата LeoLabs.

Американската вселенска команда објави дека се создадени „повеќе од 100 парчиња отпад“, истакнувајќи дека тие не претставуваат закана.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното