Американската вселенска агенција НАСА претходно објавуваше звуци од Марс, а неодамна нејзиното вселенско летало Јунона сними звуци кои доаѓаат од Јупитеровиот најголем сателит Ганимед.
Покрај Ганимед, сондата Јунона поминала на 7 јуни 2021 година, а НАСА објави аудиоснимка во траење од 50 секунди.
Инаку, Ганимед е најголемиот сателил во нашиот Сончев систем.
Сондата Јунона е опремена со инструмент наречен Waves (бранови) со кој снима електрични и магнетни радиобранови, а тие потекнуваат од Јупитеровата магнетосфера.
Научниците успеале да соберат податоци, па по потоа ги промениле нивните фреквенции за да ги претворат во звук кој може да се слушне.
