Во најавената реконструкција на Владата, нов министер за животна средина и просторно планирање и дефинитивно ќе биде поставен Насер Нуредини, дознава ТВ21 од извори блиски до Владата. Тој треба да го замени досегашниот министер Садула Дураку.
Нуредини е роден 1979 година. Се школувал во Универзитетот во Брајтон, Англија отсек „меѓународен бизнис“.
Нуредини има богата кариера. Од 2006 до 2011 година бил потпретседател на Уни Банка во Лондон. Претходно бил дел од неколку компании во Лондон и во Виена, а од 2016 до сега работи во Виена во „GEGG Advisory dhe Nuredhini”.

The post Насер Нуредини нов министер за животна средина appeared first on ТВ21.