Минатата година 4500 претставки стигнале до Народниот правобранител. Граѓаните најмногу се жалеле за несоодветните услови во сиропиталиштата и затворските ќелии, но голем дел од жалбите се и за работата на судството, партиските вработувања и незаконските интервенции на полицијата.
Според извештајот на Народниот правобранител за 2018 година, насилство меѓу учениците расте, а училиштата не успеваат да се справат со овој проблем.
Заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, изјави дека во затворот во Идризово нема стоматолог и нема подобрување на квалитетот на храната и хигиенските услови.
Загрозување на правата има и во социјалната сфера, заштитата на децата и во имотните права. Народниот правобранител извештајот го доставил до Собранието и бара да се разгледаат овие недостатоците и да се најде ефикасно решение.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ