Наставничката Патриша Кристин решила да се спротивстави на очекувањата на општеството, па на 28 години ја раскинала свршувачката со партнерот и се омажила за себе.
Додека повеќето луѓе венчавката ја поврзуваат со посветеност на својот животен партнер, Патриша одлучила целото време, пари и енергија да ги вложи во себе, почестувајќи се со раскошна венчавка каде што се омажила – за себе.
Патриша објасни дека со години го чувствува притисокот на околината да се омажи пред да наполни 30 години.
За време на церемонијата, Патриша зборуваше за љубовта кон себе и за тоа како се надева дека другите млади жени ќе се прифатат себеси, без разлика дали се во врска или сами.
„Не сакав да ги послушам општествените очекувања и решив да им покажам на жените дека најважната врска во животот е онаа што ја имаат со себе. Целиот наш живот бараме некого на кој ќе му се посветиме, без претходно да си се посветиме“, објасни таа.
По церемонијата, Патриша и нејзините девет пријателки одржаа лежерна прослава во паркот, а 28-годишната подоцна сподели фотографии од церемонијата на Инстаграм, заедно со кои напиша: „Реков да… на себе!“
