Некогаш играл фудбал, се шетал со другарчињата и одел во училиште. Но, пред 20 години, излегувајќи од училиште, автомобил од село Буковиќ го удрил по што останал неподвижен. Ова е 28 годишниот Фуад Беќири од селото Раховиќ во општина Сарај. Тој секој ден поминува по 1км за да наполни вода кај селската чешма.
Откако му починале родителите, а брат му го напуштил, четири години живее сам во куќа во која нема елементарни услови за живот.
Вели дека без помошта од жителите не би можел да преживее. Единствените приходи на Фуад се 2000 денари месечно социјална помош.
-Ми треба храна, би било добро и парична помош. Не ми стигнуваат за храна 2 илјади денари, ми треба и количка, бидејќи селото Буковиќ е далеку за да некогаш можам да отидам на гробот на татко ми. Ме удри автомобил, 6 месеци бев на интензивна нега, тогаш имав 7 години, ме прегази, имав повреди на рацете, нозете и мозокот-рече Беќири.
Уморен од сиромаштијата и тешките услови за живот, тој вели дека често пати заспива и се буди гладен.
-Понекогаш се случува да останам и без леб. Кога имам пари, добро, но кога немам, останувам гладен. Останувам без леб понекогаш и по два – три дена. Седам кај прозорецот и размислувам, дека како што ми е мене, никому не му е – вели Беќири.
Фуад не може да работи и да обезбеди храна за себеси. Тој бара хуманите луѓе да му подадат рака и да му помогнат да добие количка и храна. До сега, ниту една од институциите не го контактирала. Тој е подготвен да живее и во Центарот за лица со посебни потреби.
Телефон за контакт: +389 72 669127
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ