Свет

НАТО добива нови членки: Финска и Шведска на пат кон Алијансата

НАТО добива нови членки: Финска и Шведска на пат кон Алијансата

Војната против Украина најверојатно ќе донесе нови членки во НАТО. Финска и Шведска не се далеку од приклучување – збогум на неутралноста.

Сегашната копнена граница на западната воена алијанса на НАТО со Русија, која сега се смета за непријателска, ќе се удвои од 1.300 на 2.600 километри доколку Финска се приклучи на НАТО. На тој начин НАТО во голема мера би го зголемил источното крило за одбрана, но од друга страна, добро обучена и добро опремена финска армија би била предност за алијансата, пишува Дојче веле.

– Во Финска се уште е на сила воениот воен рок. Финска би можела да мобилизира армија од 280.000 војници. Тоа е прилично голема армија во модерна Европа, вели Џејкоб Вестберг, професор на шведскиот универзитет за одбрана во Стокхолм.

Доколку Шведска, која нема директна граница со Русија, влезе во алијансата, операциите на НАТО во Балтичкото Море би биле полесни. Тогаш сите земји долж Балтикот, освен Русија, би припаѓале на Атлантската алијанса. Шведска би го внела во НАТО островот Готланд од кој би можел да се брани голем дел од Балтичкото море, како и балтичките држави.

– На Русија би и било потешко да оперира во Балтичкото Море. Шведска има и пет многу модерни подморници кои би ги надополниле флотите од Полска и Германија, вели воениот експерт Џејкоб Вестберг за ДВ.

Шведските воздухопловни сили располагаат со 100 модерни борбени авиони. Сепак, како и во многу од денешните земји на НАТО, шведските копнени сили се значително намалени во последните децении. Џејкоб Вестберг смета дека би биле потребни десет години за таа ситуација навистина да се промени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни