Зголемување на безбедноста на граѓаните на сите нивоа и од сите форми на закани е само една од придобивките од членството на земјава во НАТО, рече академикот Владо Камбовски, на конференцијата посветена од интеграцијата на земјава во НАТО. Според него, концептот на безбедност во НАТО се подразбира во повеќе аспекти.
Екс амбасадорот Нано Ружин рече дека реформите некогаш може да одат два чекора напред, а некогаш еден назад. Но, според него тоа што е направено од аспект на членството на земјава во НАТО, е доволно.
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска рече дека со зачленувањето на земјава во НАТО државата е многу посилна, отколку изолирана.
Во меѓувреме, Данска стана деветта земја која го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ