Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и помошникот за современо творештво во Министерството за култура на Србија, Радован Јокиќ, кој истакна дека „ништо не може да одговори на меѓусебното разбирање како и културната соработка, а денес културата е потребна повеќе од кога било“.
Договорот, кој беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигејл Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а потоа ќе го потпише претставникот на Македонскиот народен театар Симон Угриновска.