Најновата студија ја истражуваше мозочната активност кај пациенти кои беа клинички мртви, а д-р Стјуарт Хамероф, анестезиолог и професор на Универзитетот во Аризона, даде свое толкување на овој феномен.
Во истражувањето биле поставени сензори на мозокот на седум тешко болни пациенти, на кои им останале само уште неколку минути живот. Овие комплексни уреди го следеле крвниот притисок и отчукувањата на срцето додека целосно не престанале и пациентите не починале.
Сепак, резултатите покажаа нешто неочекувано – електроенцефалограм (ЕЕГ – дијагностички тест кој ја мери електричната активност на мозокот преку електродите поставени на черепот) забележа необичен излив на енергија по смртта.
Во интервју за Project Unity, Хамероф рече: „Тие видоа дека сите функции исчезнуваат, а потоа одеднаш се појавува оваа активност, во време кога веќе нема крвен притисок или срцев ритам“. Тоа може да биде искуство блиску до смрт или, можеби, душа што го напушта телото“.
Професорот тврди дека тоа би можело да укаже дека свеста го напушта телото во последните моменти од животот, посочувајќи дека тоа е „последна што заминува“.
„Поентата е дека ова покажува дека свеста е всушност процес со многу ниска енергија“, додаде тој.
Овој феномен не е редок – истражувањата покажуваат дека такви импулси се јавуваат кај околу 50% од пациентите кај кои е извршено мерењето. Сепак, научниците понудија и рационално објаснување – тие претпоставуваат дека овие енергетски експлозии се случуваат како реакција на мозокот на недостаток на кислород.
Зборувајќи за ова во документарниот серијал на Science Channel Through the Wormhole, Хамероф објасни: „Кога срцето ќе престане да чука, крвта престанува да циркулира и микротубулите во мозокот ја губат својата квантна состојба. Квантните информации содржани во нив не исчезнуваат – не можат да бидат уништени, туку се расфрлани низ универзумот“.
Тој продолжува да наведува дека ако пациентот оживее, оваа квантна информација може да се испрати назад во мозокот, што може да ги објасни искуствата на луѓето кои тврдат дека „доживеале“ смрт.
„Ако пациентот не преживее, можно е оваа квантна информација да продолжи да постои надвор од телото – можеби дури и засекогаш – како душа“, додаде тој.
На крајот, авторите на истражувањето заклучија: „Во нашата секојдневна работа на интензивна нега, често комуницираме со семејствата на починатите. Според нашето искуство, мислата дека нешто се случува во моментот на смртта може да биде утешна за ужалените“.