Македонија

Наутро магла – преку ден променливо облачно, температурите до 13 степени

Наутро магла – преку ден променливо облачно, температурите до 13 степени
ФОТО: 4news.mk

Наутро наместа со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 13 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време, наутро наместа со појава на магла. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни