НБА кошаркар изгуби спонзорство од 40 милиони долари поради забранета љубовна врска?!

Кошаркарот на Оклахома Џош Гиди би можел да загуби околу 40 милиони долари поради повлекувањето на спонзорството на „Вит-Бикс“, откако НБА започна истрага против него.

Поради емотивната врска со малолетна девојка, Гиди најпрвин се најде на удар на јавноста, а потоа лигата објави дека е покрената истрага, без да наведе детали.

Клубот не се огласи и не реагираше, а Гиди доби овации од навивачите на натпреварот, како јасен знак дека го поддржуваат.

Според Code Sports, сликата на Гиди е отстранета од сите социјални мрежи на брендот Weet Bix.

„Вит-Бикс“ е австралиски бренд за житарки, кој е еден од најпопуларните на континентот.

Кошаркарот би можел да загуби околу 40 милиони долари доколку компанијата реши да ја прекине соработката.

„Секако дека сме свесни за целата ситуација околу Гиди и чекаме одредени работи да се потврдат и да добиеме некои факти. Во контакт сме со неговиот менаџерски тим и ги чекаме деталите за овој случај“, изјавил за „Код спортс“ портпаролот на брендот „Вит-Бикс“.

21-годишен кошаркар е во врска со 16-годишна девојка.