Нема уапсен бизнисмен во Скопје, дознава 4NEWS.mk од свои извори.
Претходно на друштвените мрежи и дел од медиумите објавија дека е уапсен еден бизнисмен наводно пред познат ресторан во центарот на Скопје.
Според наши информации и информации од полицијата, нема упасено лице вечерва.
Претходно медиумите пишуваа дека станува збор за бизнисмен кој бил во тесна врска со ВМРО-ДПМНЕ и дека бил упасен со обележани пари за наводна парцела во Штип.