Непочитувањето на владините мерки за замрзнување на маржите предизвика затворање на осум правни субјекти.
Според, директорот на Државен пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски се работи за три маркети, аптека и тројца големи увозници на овошје и на зеленчук кои се затворени на 15 дена.
„Исто така се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи марките. Инспекторите постојано се на терен, и ќе продолжиме да спроведуваме контроли“, рече Стојкоски, кој кажа дека негова генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.