Македонија

Не мора да го изедете сето од трпезата: Препораки за безбедни празници од ИЈЗ

Не мора да го изедете сето од трпезата: Препораки за безбедни празници од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува препораки за здрава празнична исхрана и за избегнување на ризиците поврзани со консумирањето алкохол и употребата на пиротехнички материјали.

Од ИЈЗ апелираат дека умереноста е клучна, истакнувајќи дека „не треба да се јаде сѐ што е на трпезата“ и дека храната треба да се консумира полека и свесно. Дополнително, се предупредува дека нема безбедно ниво на консумирање алкохол, бидејќи истиот е многу калоричен и може да предизвика здравствени проблеми. Особено за младите на возраст од 15 до 39 години, алкохолот носи само здравствени ризици, без никакви придобивки.

Покрај тоа, ИЈЗ укажува и на опасностите од пиротехничките материјали. Тие честопати предизвикуваат сериозни повреди кои можат да ги претворат празничните радости во трагични настани. Најранливи групи се децата, постарите лица и оние со респираторни или срцеви заболувања. Чадот од пиротехниката може да влоши постоечки белодробни болести, да предизвика астматични напади, па дури и срцеви удари кај луѓето со срцеви проблеми.

Исто така, пиротехничките материјали придонесуваат за загадување на воздухот, а пукањето од петарди и огномети негативно влијае на животните. Од ИЈЗ апелираат до сите да ги почитуваат овие препораки и да ги направат празниците безбедни за сите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни