Зоолошката градина Скопје денеска упати јавно предупредување до граѓаните да внимаваат на лажни Фејсбук страници кои користат генерирани ВИ текстови и објавуваат измамнички наградни игри.
Според објавата, ваквите страници имаат за цел да ги измамат корисниците преку собирање лични податоци, но и да се доберат до нивните финансиски средства со злоупотреба на банкарски картички.
„Внимавајте, лажни Фејсбук страници со генерирани ВИ текстови објавуваат лажни наградни игри со цел да ги соберат податоците, но и финансиите од картичките на корисниците кои ќе кликнат на линкот. ⚠️ Не давајте никакви податоци и не кликајте на линковите. Зоолошка градина Скопје воопшто не е дел од овие измамнички шеми,“ стои во соопштението.
Од институцијата нагласуваат дека официјалните информации и активности се објавуваат исклучиво на нивната официјална Фејсбук страница и веб-страница, и дека секоја друга понуда или наградна игра што не е објавена таму е обична измама.
Граѓаните се повикани да пријавуваат сомнителни страници и линкови за да се спречи ширењето на вакви злоупотреби.
Скопската зоолошка градина апелира јавноста да биде внимателна и да не подлегнува на вакви дигитални измами.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Цистерна со нафта излетала и се запалила на патот Гевгелија-Богданци
- 2.Сите аплаудираа, освен министерот Муртезани по говорот на претседателката Давкова во ОН
- 3.Македонец уапсен при продажба на дрога во Виена – во станот пронајдени уште три килограми кокаин!
- 4.Македонец по грешка ослободен од затвор во Австрија, имал исто име и презиме со друг затвореник
- 5.Трагедија во Кисела Вода: 38-годишен скопјанец починал во својот дом!