Македонија

„Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети“, велат од ДУИ

„Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети“, велат од ДУИ

Од Демократската унија за интеграција упатија реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Крушево дека неговата задача и цел е да ги испрати Али Ахмети и ДУИ во политичка пензија.

„Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски телали дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт. Oд денот на основањето на ДУИ, Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски, не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, Али Ахмети. Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети“, се вели во реакцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни