Македонија

(Не)правдата може да ја сруши Владата?!

(Не)правдата може да ја сруши Владата?!

Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди коментирајќи ја вчерашната анкета на ИРИ која покажа дека само 4% од анкетираните веруваат во судството, вели дека ако нема правда за сите ќе ја срушат Владата.

„Четири пратеници ќе ја срушат Владата, доколку нема правда за сите“, рече во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 синоќа пратеникот Скендер Реџепи.

Тој додаде дека само силен „земјотрес“ во ВМРО-ДПМНЕ може да донесе уставни измени.

„Не верувам дека може да се обезбедат 80 пратеници за уставните измени. Тоа така изгледа моментално. Од ЕУ ќе има веројатно притисок, пред наредните избори да се направат уставните измени. ДУИ и СДСМ немаат интерес за брзи избори, додека 2024 кога се редовните избори изгледа далеку и не знам дали има време за уставни измени. Сите опции се отворени, но Владата нема да дозволи предвремени избори, ќе се обиде да ги внесе и Алијанса за Албанците во коалиција. Единствено, ако не се случи силен политички „земјотрес“ во ВМРО-ДПМНЕ, ако се направи фракција во партијата тогаш можно е да се обезбедат неколку пратеници за уставни измени“, вели Реџепи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни