„Не се групирај за викендот“

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот профил на „Фејсбук“ објави апел да нема групирање за време на продолжениот викенд.

„Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје.“, напиша Филипче.

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително…

Posted by Венко Филипче on Thursday, October 22, 2020

.

Извор: ТВ21