Македонија

Не заборавајте чадор: И денеска поројни врнежи од дожд, ќе има и грмежи

Не заборавајте чадор: И денеска поројни врнежи од дожд, ќе има и грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни,  проследени со појава на грмежи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни