Неа ја сакаше пред Цеца: Вака изгледа првата сопруга на Аркан

Наталија Мартиновиќ, сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан го напуштила кога дознала дека се појавиле емоции меѓу Жељко и познатата фолк пејачка.

Откако Аркан сам признал дека се заљубил во Цеца, Наталија ги спакувала куферите и си заминала.

Иако тогаш сите ја обвинале Цеца дека е крива за нивната разделба, Аркан истакнал дека таа нема врска со таа одлука.

„По 15 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата жена и јас повеќе не сме заедно. Имав три брака, но никогаш не бев „женскарош“. Додека бев во брак мојата поранешна сопруга немаше причина за сомневања. Потоа, се заљубив во Цеца. И кажав на сопругата. Поточно, тоа полека се случи. Цеца беше упорна. Постојано ми зборуваше за нејзината љубов, а јас почнав да ја прифаќам, изјави Аркан во 1996 година за српските медиуми.

Инаку,Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што вели и самата има посебна причина. Сепак, фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ конечно реши да прозбори за оваа тема и како што рекла, моментално е задоволна од својот живот.

„Не сакам за нешто толку интимно да се зборува и да се пишува. Доволно е јавноста да знае дека сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми годи”, потенцирала Цеца.

Иако во последното видео за дуетската „Лажов ноторни”, која ја сними со Саша Матиќ, публиката ја виде во венчаница, таа вели дека се мали шансите во реалноста такво нешто да се случи.

„Се омажив еднаш од љубов и родив две деца. Не велам дека од трагичниот крај на тој брак цело време сум била сама, имаше некои врски и комбинации, но никогаш не сум размислувала да се омажам за некој од тие мажи. Не постои таков кој може да го замени Аркан”, заклучила Ражнатовиќ.