Поврзи се

Македонија

Негувателки во градинки во Битола и Скопје позитивни на коронавирус – во изолација вработени и деца

Published

on

Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година,  пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на Ковид 19, во две Јавни установи за згрижување на деца – детски градинки.

-Текстот продолжува по рекламата-

Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од стана на КЗБ остварен е  контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за  останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно  17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката.

Истовремено и за сите пет деца кои беа во групата на вработената ,позитивна на Ковид-19,  даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23.09.2020.

Loading...

Во однос на оваа градинка, се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

Вториот случај, се работи за  вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 09.09.2020 год не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа , прием на деца и згрижување.

Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот,  доколку до недела 13.09.2020 година не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи  нормално од понеделник.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, по престанување на траење на вонредна состојба, просториите во установата се дезинфицираат секојдневно по повеќе пати.

Од градинката информираат дека до денес немаат  пријавено друг вработен од истиот објект  со симптоми на вирусот Ковид 19.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com