Македонија

Некогаш во Скопје имало остров: Фотографија од 1935 година открива заборавен пејзаж на Вардар

Некогаш во Скопје имало остров: Фотографија од 1935 година открива заборавен пејзаж на Вардар

Ретка воздушна фотографија од 1935 година открива дека во коритото на Вардар, во централното градско подрачје на Скопје, некогаш постоел голем речен остров.

Станува збор за снимка направена од приватен авион од падините на Водно, на која јасно се гледа тогашниот изглед на градот.

Во преден план е денешната улица „Македонија“, лево се забележува Офицерскиот дом, а преку Камениот мост се гледа Старата скопска чаршија и тврдината Кале. Десно од улицата „Македонија“ се наоѓа просторот каде денес се Градскиот трговски центар (ГТЦ) и пошироката околина на поранешен „Дрво Декор“.

Најинтересниот детал е токму островот во Вардар, кој со текот на времето исчезнал поради регулацијата на речното корито и урбанистичкиот развој на градот.

Фотографијата претставува вреден историски документ што сведочи колку значително се променил изгледот на Скопје во изминатите шест децении.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни