Некој го следи Пендаровски, случајот го пријавил во полиција

Кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски, во неколку јавни настапи ,  изјави дека некој и физички го следи и дека постојано го снимаат, фотографираат и потоа ги објавуваат материјалите.Тој вели дека не се папараци , се сомнева дека е некоја тајна служба, под директива  од некоја политичка партија. Вели дека случајот го пријавил во полиција.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го потврди тоа и истакна дека на Твитер се објавени две неовластени видео снимки и дека истрагата продолжува за да се открие чиј е профилот.

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, рече дека поминале три дена и дека не се знае дали МВР е способно за да открие кој го следи Пендаровски.

Стоилковски исто така го праша Спасовски дали се безбедни кандидатите за претседател и дали тој гарантира безбедност за време на претседателската трка.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното