Некој снимил разговор меѓу две мачки и видеото е веќе познато како најслаткото на сите времиња

Ако барате забавна и неодолива содржина, овие мачки нема да ве разочараат. На Редит е објавена снимка од разговорот меѓу двете мачки и за кратко време ги освои симпатиите на многумина. Згора на тоа, некои веќе го прогласија за најслатко видео на сите времиња.

„Се топам“, „Се прашувам за што зборуваат. Јасно е дека се разбираат“, „Мачките во дивината не користат говор за да комуницираат“. Овие го научија ова затоа што живеат со луѓе. Се обложувам дека тоа е затоа што ваквото однесување не е природно за мачките“, се дел од коментарите.