Одењето на работа во летниот период не мотивира повеќе од две минути да поминеме пред плакарот размислувајќи што можеме да облечеме.
Но, некои парчиња сепак не се за во канцеларија, освен ако не работите во модниот свет или имате среќа во вашата компанија да е дозволен лежерниот пристап на облекување, но еве што треба да одбегнувате:
Сиви маици
Ако се прашувате зошто баш сивата маица, очигледно е дена никогаш не сте ја носеле во текот на летниот период. Се вели дека нема полош избор за жешките денови од сивата маица бидејќи на неа може да се види секоја капка пот. Наместо сива, одберете сигурна опција црна или бела.
Искинат тексас шорц
Ова совршено парче за летните денови е наменето за на плажа и лежерни прошетки, но не и за на работа.
Кроп топ
Сезонски хит кој доаѓа со различни варијанти, но проблемот е што ниту една не е адекватна за на работа. Стомакот е во ред да го покажете на вечерна прошетка или прошетка низ градот на +40, но никако во канцеларија.
Вештачки материјали
Освен што се еколошки неиздржливи, во нив и ужасно се потиме па затоа треба да ги избегнувате. Доколку не знаете на рака да го приметите материјалот, секогаш внимателно читајте ги етикетите на облеката и бирајте природни како памук, свила.
Познатите бициклистички
На ова дискутабилно парче местото му е во теретана и внатре во четири ѕида, трета опција едноставно нема…
Бижутерија
Ефективните парчиња накит кој лесно ја истакнуваат и најобичната комбинација треба овој период да ги избегнувате. Во комбинација со жешко време и пот може да остават црни дамки по телото.
Фустани за на плажа
Фустаните за плажа што „дишат“, со тенки прерамки или впечатлив принт ќе бидат многу поефикасни, а да не зборуваме посоодветни, за на плажа или навечер, но не и во работниот простор.
Апостолки
Апостолките навистина не се за на работа, било што да работите. Нив местото им е на плажа и таму треба да остане.
