Свет

Неколку жртви во пукање во Канада

Неколку жртви во пукање во Канада

Неколку лица се убиени во масовна престрелка што денеска се случи во канадската провинција Британска Колумбија, јавија локалните медиуми.

Полицијата претходно издаде итно предупредување за повеќекратни престрелки во градот Ленгли и побара од жителите да бидат внимателни и подалеку од областа каде што се случил инцидентот.

– Повеќе сцени со пукање во центарот на Ленгли со еден инцидент во поширокото градско подрачје со жртви меѓу случајни минувачи, се вели во предупредувањето испратено на мобилните телефони во Британска Колумбија.

Портпаролот на Кралската канадска коњичка полиција за канадската телевизија Си-Би-Си изјави дека неколку луѓе се убиени, но не прецизираше колку.

Според телевизијата, жртвите биле бездомници. Сепак полицијата не ја коментираше оваа информација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни