Неконтролиран раст на цените на основните производи, спасот е во законски измени

Неконтролиран раст на цените на основните прехранбени продукти. Дел од маркетите веќе со нови цени на рафтовите. Лебот и млечните производи како основни артикли, станаа луксуз.

Поскапени се и месните производи, но и овошјето и зеленчукот. Од Државниот пазарен инспекторат најавија засилен инспекциски надзор низ супермаркетите, но и кај трговците на мало.

Апелираат да бидат општествено одговорни и да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните. Состојбата со ценовните поместувања би требало да се надмине со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој наскоро би требало да биде изгласан од пратениците.

Мерката за загарантирани цени на основните прехранбени продукти престана да важи пред два дена. Се укина и одлуката за намалени увозни давачки за зеленчукот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното