Нема драматични промени по изборите во Бугарија – Дали е на повидок политичка криза

Вонредните парламентарни избори треба да ја решат дилeмата дали досегашниот премиер Бојко Борисов дефинитивно ќе замине во опозиција.

Првичните неофицијални резултати покажуваат благо водство на неговата партија ГЕРБ, исто како и на претходните избори кои се одржаа во април. Веднаш зад нив е партија – Има ли такви луѓе, на чие чело е ТВ водителот Слави Трифонов.

Аналитичарите оценуваат дека мали се шансите Борисов повторно да се врати на премиерската позиција и во случај повторно неговата партија да освои најмногу гласови, затоа што поголем  дел од партиите одбија соработка со нив.

Според излезните анкети, или неофицијалните резултати, опозицијата има таков народ, Демократична Бугарија и Испарви се имаат 110 пратенички места, но им недостасуваат 11 за мнозинство.

Хипотетички ГЕРБ на Борисов, кој би освоил 62 места, заедно со ДПС, досегашен коалиционен партнер и опозициската БПС имаат 130 пратенички места, но таква Влада е речиси невозможна.

Патриотите на Каракачанов сите заедно, освоија помалку од самиот Каракачанов во Април и нема да бидат дел од Парламентот,

Инаку, какви ќе бидат конечните резултати ќе зависи и од гласањето на Дијаспората, кои се очекуваат во текот на вечерта.