Македонија

„Нема име, почнуваат консултации – бараме едно општество за сите, а не општество за една партија“, рече Груби

„Нема име, почнуваат консултации со академската заедница за првиот кандидат Албанец“, рече Артан Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Груби додава дека со нивниот кандидат ќе се залагаат за едно општество за сите, а не како досега како што вели тој, општество за една партија.

Од коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ поминаа три години, а пораката со која тогаш СДСМ настапи беше едно општество за сите. На изборите во 2016 година победи ВМРО-ДПМНЕ, но не успеа да формира Влада, а при формирањето на Владата на СДСМ наиде на услови кои беа зададени од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов, кој бараше од тогашниот мандатар Зоран Заев да достави листа на пратеници како доказ дека може да формира Влада.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни