Македонија

Нема нов случај со МРСА, резултатите од мострите од училиштата негативни

Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата МРСА. Деновиве нема ниту еден нов случај со бактеријата МРСА.

„Нема потреба од никаква реакција во смисла да се земаат антибиотици. Бактеријата МРСА е опасна во болнички услови. Ние не живееме во стерилна средина, ние сме цело време изложени на некакви инфекции. Немаме болно дете, се реагира кога има температура, инфекција, изразена со клинички знаци… Ова е нормална ситуација во општеството, така што немаше потреба од посебни мерки“, рече д-р Стојанов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни