Свет

Нема преживеани во авионската несреќа на „Етиопијан ерлајнс“

Нема ниту еден преживеан во авионската несреќа што утрово се случи во Етиопија, потврдија властите.

Компанијата „Етиопијан ерлајнс“ објави дека во „боинг 737“ што се урна набргу по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба имало 149 патници и осум членови на екипажот.

Авионот изгубил контакт со контролата на летот само шест минути по полетувањето и се урна во близина на градот Бишофту, 62 километри југоисточно од Адис Абеба.

Засега нема информации за причината која доведе до несреќата.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни