Нема веќе бесплатно паркирање и во Карпош, „Градски паркинг“ воведе зонско

И во Општина Карпош почнува да се наплаќа паркирањето на улиците. ЈП „Градски паркинг“ во соработка со Општина Карпош почна со воведување на зонско паркирање и наплата. Најпрво зонско паркирање е воведено во Карпош 1 односно на улицата Орце Николов од крстосницата со Рузвелтова па до крај. Со зоната Д42 покрај улицата Орце Николов опфатени се и сите споредни улички па така повеќе бесплатен не е паркингот кај „Мида“ ниту позади зградите кај Машински факултет и кафулето „Галери“.

Досега голем број граѓани кои работат во Центар за да не плаќаат паркинг ги оставаа своите возила во Карпош, односно кај Министерството за економија, кај „Млечен“ или во Карпош 1 и долж улицата Орце Николов. Но, сега нема да може бесплатно да се паркираат бидејќи стартуваше наплатата и еден час паркирање ќе чини 25 денари. За станарите од околните згради паркирањето ќе биде бесплатно за две возила, а ако пријават гости еден час ќе ги чини 10 денари.

Според најавите од Општина Карпош по воведувањето на зонско во Карпош 1 и 2, ќе се продолжи со Карпош 3 односно ТЦ „Лептокарија“ и на улиците околу „Млечен“.

Од Општината велат дека граѓаните на јавната анкета што ја спровеле одлучиле да се воведе зонското паркирање и дека на овој начин ќе се воведе ред во хаосот со паркирани коли.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното