Македонија

Нема зголемување на заболени лица од морбили

Нема зголемување  на заболени од морбили, а останува во сила забраната за прием на невакцинирани деца во градинките за да се спречи натамошно ширење на заразата, рече заменик-министерот за здравство Асим Муса на седницата за пратенички прашања.

-Нема тенденција на раст на бројот на заболени од морбили. Бројот на вакцинирани деца и граѓани заклучно со вчерашниот ден е 8.800, значи околу 9.000 би бил до крјаот на денов. Вкупниот број на невакцинирани беа 15.000, 12.000 беа деца од претшколска возраст, а останатите беа возрасни. Со завршување на процесот на вакцинирање,  очекуваме и намалување на новозаболените од морбили – рече Муса.

Муса додаде дека вакцините произведени од „Глаксосмит“ се висококвалитетни  и регистрирани во сите земји на ЕУ и во повеќе од 70 земји надвор од Унијата.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни