„Немам ни душа ни лице да пеам вечерва“: Бобан Рајовиќ единствен го откажа настапот поради жртвите од Цетиње

Пејачот Бобан Рајовиќ проговори за масакрот во Цетиње.

Имено, тој на својот Инстаграм профил го напиша следново:

Се вчитува...

– Добри мои, немам срце, душа, лице, немам волја да пеам вечерва. Нема поискрен и директен начин да ви кажам од ова. Душата ме боли за народот, несреќниот народ кој денеска загина од рацете на човек во Цетиње – напиша тој, па додаде:

– Настрадаа 11 невини, беа убиени. Што се однесува до мене, денот на жалост започна во тој момент, а не кога беше официјално објавен.

-Имаше толку многу состаноци до крајот на летната турнеја, ќе се дружиме и пееме, но не вечерва. Моето срце и мисли се со семејствата на жртвите, чувајте се, добри луѓе – напиша тој на својот Инстаграм профил.

Засега Бобан е единствениот кој го откажа настапот, поради овој немил настан.