Необична порака на Трамп: „Нешто големо ќе се случи утревечер“

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа објави „Социјална вистина“ со необична порака.

„Нешто големо ќе се случи утревечер. Ќе ви кажам како навистина стојат работите!“ – рече Трамп.

Се верува дека Доналд Трамп најавува големо обраќање до Конгресот по неговото враќање на власт.

Обраќањето е закажано за вторник, 4 март, а тоа може да биде клучен момент во неговиот втор мандат.

Не е потврдено, но има индиции дека Трамп во ова обраќање може да најави голем пресврт во својата политика кон Украина, а може да го објави и потенцијалното освојување на Панама, што е еден од неговите наводни приоритети заедно со освојувањето на Гренланд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното