На 31.01.2026 во 03:22 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров непознато лице кон семејната куќа фрлило две стаклени шишиња со непозната течност кои претходно ги запалил.
Едно од стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило, а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар.
Пожарот бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
