Непријатниот мирис на влага во куќата ќе го снема за еден миг: Потребни ви се само 2 работи

За брзо време ослободете се од непријатниот мирис во домот, не ви требаат многу пари и време!

Бајат мирис, влага, а потоа и мувла често предизвикуваат главоболки кај домаќинките, кои упорно се трудат да ги решат овие проблеми. И обично кога мислат дека ја средиле куќата, таа повторно се појавува. Освен тоа, освежувачите за воздух се многу популарни денес, но за многу семејства тоа е голем товар и не е на приоритетната листа. Сепак, пред вас е одличен трик со кој нема ни да ви требаат дополнителни уреди.

Потребни состојки:

Ориз
Етерично масло

Само со овие два производи можете да заборавите на непријатниот мирис во домот, бидејќи оризот апсорбира непријатни мириси и влага, а есенцијалните масла даваат опојни мирисни ноти. Затоа, проблемот може да се реши на сосема природен начин.

Што треба да направите?

Истурете го оризот во тегла и додадете 10 до 20 капки есенцијално масло по желба. Потоа покријте и добро протресете. Отстранете го капакот, покријте го садот со газа и прицврстете го со гумена лента. Вака направениот освежувач можете да го чувате во секоја просторија, а кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.