Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и ветер утре – можно и невреме со град

Нестабилно време со дожд, грмежи и ветер утре – можно и невреме со град

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладене во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=33°C. P=981hPa. U=30%. V=3m/s.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни