Нетфликс суспендираше транс лице од работа – објаснувањето „сомнително“

Нетфликс суспендираше тројца работници затоа што упаднале на состанок на тимските шефови, а меѓу суспендираните работници има и транс лице кое ја критикуваше новата комедија на Дејв Чапел.

Тера Филд, софтверски инженер од Сан Франциско, беше суспендиран со уште двајца колеги откако упаднаа на состанок на најуспешните вработени во Нетфликс.

Филд пред да влезе на состанокот напиша твитови за комедијата на Дејв Чапел, која изобилува со шеги насочени против транс лицата, но Нетфликс тврди дека не ја суспендирале поради тоа, туку затоа што непоканета дошла на собирот на одбрани вработени.

„Апсурдно е да се мисли дека ја отпуштивме затоа што не и се допадна шоуто. Ги охрабруваме вработените да го кажат своето критичко мислење“, велат од Нетфликс.

„Вчера објавивме уште една комедија на Чапел во која тој ја напаѓа транс заедницата и не нарекува маргинализирани луѓе. Ќе слушнате многу за тоа како сме навредени поради тоа. Не сме навредени“, напиша суспендираната вработена на Твитер и додаде:

„За него постоењето на транс луѓе е комично, а кога ќе му кажеме дека греши, испаѓаме навредени“, заклучува Тера Филд.

Луѓето се уште се сомневаат дека таа всушност била отпуштена поради ваквите твитови, иако Нетфликс има поинакво објаснување за целата ситуација.