Свет

Неверојатно: Сам патник во авион Боинг 737 кој собира 188 патници!

Литванскиот државјанин Скримантас Стримаитис веројатно ќе го памети до крајот на животот својот лет од Вилнус до Бергамо. Тој се упатил на скијање и имал ретка можност да лета сам во авион кој собира нешто помалку од 200 патници, поточно 188.

Имено, Стримаитис бил сам во авионот Боинг 737 заедно со уште двајца пилоти и пет членови на екипажот.

Тој изјавил дека летот бил незаборавно искуство.

Се претпоставува дека авионот бил празен дел поради тоа што немало интерес за овој лет, а дел поради тоа што се откажале од страв од Боинг 737 после уривањето на двата во Индонезија и во Етиопија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни