Од час во час се зголемува бројот на жртви од поплавите во Шпанија. Според последните податоци, најмалку 158 лица загинале, а неуморните спасувачи се уште трагаат по исчезнатите.
На социјалните мрежи се шират бројни видеа од спасување, заробени луѓе во куќи, но и од поројниот дожд кој се шири низ градовите.
Меѓу многуте снимки е и една од мала општина во регионот на Арагон. Станува збор за браната Almonacid de la Cuba, која ги издржа насилните бранови на вода.
Almonacid de la Cuba aliviando lo bestia. https://t.co/WskiMiZWQe pic.twitter.com/L7Y5yrs2iF
— Isaac Moreno Gallo (@imorenogallo) October 30, 2024
Инаку, браната датира од римско време, а е стара 2000 години. Се наоѓа на реката Агуасвивас и е висока 34 метри.