Рејчел Конели (26) живее на Флорида и штотуку се омажи. Иако е само „обична“ девојка, таа се појави на сите насловни страници ширум светот. Зошто? Затоа што го направила невозможното: нашла венчаница која чини 312 денари !!!!
„Го купив овој свилен фустан веднаш по свршувачката“, напиша таа под фотографиите и видеата на кои се гледа нејзината венчаница.
Тесниот свилен фустан има набори во деколтето, а Рејчел го надополни изгледот со соодветен проѕирен вел и бели сандали со петица.
И тоа не беше единствениот евтин фустан што го носеше тој ден. Две недели пред да каже „да“, нашла „венчаница од соништата“ од 5 долари, која ја облекла подоцна на прославата. Таа исто така сподели видео од овој фустан на TikTok и напиша: „Никогаш не знаете што ќе најдете меѓу поволните работи две недели пред свадбата“.
Вториот, побајковит изглед беше мини фустанот со бели ракави и шарено здолниште од тантела. Рејчел успеала да фати две различни венчаници за помалку од 10 долари (околу 600 денари), што е повеќе од добра зделка. Свадбеното видео на Рејчел има над 1,5 милиони прегледи, а следбениците напишаа дека таа изгледала како војвотката од Сасекс на денот на нејзината венчавка.
Просечната цена на венчаница во САД е 1.631 долари, пишува списанието Brides. Сепак, цените може да се движат од 500 до 25.000 долари или повеќе, во зависност од дизајнерот. И оваа девојка го снајде невозможното – се омажи во фустан од соништата кој не и го испразни буџетот!
