Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

Невремето го одложи концертот на Џос Стоун во Скопје: Оштетена сценската опрема

Невремето го одложи концертот на Џос Стоун во Скопје: Оштетена сценската опрема

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје доведе до откажување на вечерашниот концерт на британската пејачка Џос Стоун, кој требаше да се одржи на Стадионот на АРМ во Градски парк.

Организаторот „Авалон“ соопшти дека по направената проценка било утврдено дека временските услови и штетите врз продукциската опрема не дозволуваат безбедно одржување на концертот.

„По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот. Дополнително, добивме информации дека постои можност за ново невреме меѓу 21 и 22:30 часот и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи“, соопштија од „Авалон“.

Организаторите информираа дека сите детали во врска со враќањето на средствата за купените билети ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Концертот требаше да биде втор настап на Џос Стоун во македонската престолнина, по нејзиното гостување на Скопскиот џез фестивал во 2016 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни