Свет

Невремето Лили направи хаос во Финска: Паднати дрвја, оштетени покриви и снежни наноси

Невремето Лили направи хаос во Финска: Паднати дрвја, оштетени покриви и снежни наноси
Невремето Лили го погоди целиот регион на Финска, корнејќи дрвја и оштетувајќи покриви, при што 67.000 жители останаа без струја поради силниот снег и ветер, објавија вчера финските медиуми.

Спасувачките тимови имаа многу работа за да ги отстранат последиците од невремето, како што се паднати дрвја и оштетени покриви, пишува финскиот медиум ЈЛЕ. Обилен снег падна во јужните и западните делови од земјава, а на места висината на снегот достигна и 20 сантиметри.

Вчера беше објавено дека во крајбрежните области на западот на Финска ветерот достигнал брзина од 33,5 метри во секунда.

Поради снежни наноси прекинато е снабдувањето со електрична енергија во многу домаќинства, а на места и водоснабдувањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни